Дома Фудбал Останато Челниците на српските екипи направија скандал по ждрепката во Монако

Челниците на српските екипи направија скандал по ждрепката во Монако

Челниците на српските преставници, Партизан и Црвена Звезда направија невиден скандал на извлекувањето на групите во Евопа Лигата кое се одржа во Монако.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пишувањата на медиумите во Србија, главни улоги во сето тоа имале генералниот директор на Црвена Звезда, Терзиќ и потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ.

Како што се наведува, Терзиќ по ждрепката му се нафрлил на Вулетиќ и му се заканил дека „ќе му ја откине главата“, ако и натаму го споменува.

Партизан ги потврди овие информации за медиумите.Челниците на црно-белите се разочарани со она што се случило и најавија пријава против Терзиќ пред органите на судството во земјата, но и Етичкиот одбор на УЕФА.

Од друга страна, Звезда тврди дека Терзиќ бил предизвикан од страна на Вулетиќ и дека поради тоа дошло до реакција на нивниот директор.

Во денешната ждрепка српските екипи ги дознаа своите противници во групната фаза од ЛЕ.

Сепак, сето тоа остана во сенка поради ваквиот скандал на српските челници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета пред добивање на нов договор што ќе го стави меѓу најплатените тренери во светот

По освојувањето на Премиер лигата првпат по 22 години, Арсенал планира да го награди шпанс…