Барселона денес го претстави Франк Кеси.
Кеси одлучи да го напушти Милан откако му истече договорот на крајот на сезоната и ја прифати понудата од Брселона. Веќе од пред неколку недели е познато дека Кеси се договорил со Барселона, а денес Барселона и официјално го потврди трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ откри и како Кеси завршил во Барселона. Туре во интервју за споменатот шпански медиум потврди дека разговарал со Кеси.
„Вистина е дека го побарав додека преговараше со Барселона. Бевме во контакт додека траеа преговорите и знаев дека Барселона сака да го доведе. Сакаше да знае се за Барселона. Милан му понуди договор кој е исто така голем клуб, но кога дојде понудата од Брселона беше баш во дилема. Јас му кажав дека ако заминува од Милан, Барселона му е најдобра опциј“, изјави Туре.