Пред двa дена Јувентус се прости од Федерико Бернардески, кој мина пет сезони во Торино. Италијанскиот репрезентативец така стана слободен играч и ќе може да го избере клуб во летниот преоден рок.
На првиот ден откако стана остана без клуб 28-годишниот фудбалер почна да добива опции за продолжување од кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот кој го контактирал Бернардески бил големиот ривал на Јувентус, Наполи. „Наполитанците“ стапиле во контакт со агентот на крилниот напаѓач, но тој наводно не е баш заинтересиран за потпис со тимот на нашиот Елмас.
Според познатиот новинар Џанлука ди Марцио, во меѓувреме Чоло Симеоне се решил да го побара Бернардески и да го покани во Атлетико. „Јорганџиите“ не сакаат да ја пропуштат можноста и да го доведат италијанскиот репрезентативец без оштета.
Од Торино во Мадрид веќе замина Алваро Мората, кој се прости од „старата дама“ и се врати на „Ванда Метрополитано“, Симеоне се надева дека по неговиот пат ќе тргне и Бернардески.