Дома Фудбал Реал донесе конечна одлука за Асенсио

Реал донесе конечна одлука за Асенсио

Раководството на Реал Мадрид донесе конечна одлука која е во прашање иднината на Марко Асенсио, пренесува „Марка“.

Асенсио влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Шпанецот или ќе биде продаден ова лето за 30 милиони евра или следното лето ќе замине како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но и за самиот Асенсио, кој не сака уште една сезона да ја помине на клупата за резерви, особено во година кога има Светско првенство.

За Асенсио интерес покажуваат Милан и клубови од Премиер лигата како Ливерпул, Арсенал и Њукасл.

„Марка“ пренесува дека истата одлука Реал ја донел и за Дани Себаљос, кој исто така е ставен на трансфер листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Винисиус кога дозна дека Барселона изгубила 4-0 (Видео)

Добро познатиот шпански стример Ибај Ланос и асот на Реал Мадрид Винициус Жуниор станаа хи…