Напаѓачот Емир Скендери (22) е шестото засилување за Македонија Ѓорче Петров.
Изминатите две години Скендери ги помина во Струга Трим Лум, а сега се враќа во Македонија Ѓорче Петров каде што ги направи првите фубдласки чекори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во кариерата Скендери играше уште за Академија Пандев и Тивекеш.
„После многу години се враќам во клубот каде што почнав и едвај чекам да дебитирам во првиот тим, посакувам и ќе се трудам да постигнам што повеќе голови“, изјави Скендери по потписот.
Христијан Пецов, Бојан Илиевски, Александар Ѓорѓиески, Фисник Зука и Џон Мена се играчите кои претходно потпишаа за „лавовите“.