Дома Македонски спорт Уште еден клуб од Италија влегува во „трката“ за Несторовски

Уште еден клуб од Италија влегува во „трката“ за Несторовски

Tимот на Каљари кој во изминатата сезона испадна од Серија Б е новиот клуб кој влегол во трката за потписот на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми.

Несторовски е слободен играч откако му заврши договорот со Удинезе, во последниот период се поврзуваше со Лече и Вотфорд, како и клубови од ОАЕ, сепак неговата желба според последните информации е да остане во Италија. Сега во игра е и Каљари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Познатиот Џанлука Ди Марцио од „Скај Италија“ објави дека клубот од Сардинија сака да го засили нападот со Нестор во обид за брзо враќање во италијанската елита.

Информациите на Ди Марцио се дека првите контакти се веќе направени, како опција покрај Несторовски се споменува и Романецот Пушкаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…