Бризилскиот фудбалер Родриго после одличната сезона ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид, открива „Марка“.
Тој има договор со Реал до јуни 2025 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот ќе се обврзе на верност до „кралевите“ до 2027 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Родриго во моментов заработува 4 милиони евра, а со новиот договор ќе добие 7 милиони евра по сезона.
Родриго одигра добра сезона, постигна 9 гола и 10 асистенции, но имаше клучна улога во освојувањето на Лигата на шампиони.
🚨 Rodrygo’s new release clause will be €1B. @abc_es pic.twitter.com/KGNW0rrPFM
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 24, 2022