Италијанските медиуми пренесуваат дека новите сопственици на Милан нема да обезбедат дополнителна сума за настапот на „росонерите“ во Лигата на шампионите.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните информации во италијанските медиуми се дека Паоло Малдини и Рики Масара ќе работат на засилувања со буџет од 60 милиони евра. Од неодамна Милан е во рацете на „Редбрд“, американската компанија го купи италијанскиот гигант за 1.2 милијарди евра.




Едни од засилувањата кои се најавуваа по нивното пристигнување се Ренато Санчез и Свен Ботман. Но, со најавата за ваквиот буџет тие се доведуваат во прашање затоа што за нив се интересираат и други клубови.




Се шпекулира и дека токму ваквата ситуација е причината што Паоло Малдини се уште не го продолжил договорот. Треба да се спомене и дека трансфер буџетот на „росонерите“ може да се зголеми со евентуалната продажба на некои играчи.