Поранешниот македонски голман и сегашен тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија е нов тренер на голманите во тимот на Бершот од Белгија.
Пачовски подолго време работи во младинската школа на овој клуб, а сега се сели во стручниот штаб на првиот тим. Секако дека е нов поголем предизвик и чекор напред во тренерската кариера на македонскиот голмански ветеран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум што го правам овој чекор и што од академијата доаѓам до првиот тим. Живеам во Артселар неколку години, моите два сино исто така играат во младинските категории на Бершот. Навистина ова е „мој клуб““, изјави Пачовски.
Ќе потсетиме, Пачовски дел од Бершот беше и во играчката кариера.