Дома Фудбал Останато Коларов објави крај на кариерата

Коларов објави крај на кариерата

Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов и официјално стави крај на својата играчка кариера.

Коларов професионалната кариера ја започна во Чукарички, а има играно и за ОФК Београд, Лацио, Сити Рома и Интер кој му беше последен клуб во кариерата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Србинот најголеми успеси во кариерата имаше настапувајќи за Манчестер сити со кого освои две титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, два Лига купа и еден Комјунити шилд.

„Порано или подоцна, ќе дојдеше овој момент. Иако ми е жал што затворам едно поглавје од својот живот, благодарен сум што успеав да го остварам тоа што секогаш беше мој сон. Сега сум насочен кон вториот мој живот во светот на фудбалот, наскоро почнувам школување за спортски директор и скаут“, објави Коларов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мињоле најави крај, па почеток на нова работа!

Сајмон Мињоле одлучи да ја заврши својата професионална кариера.  Тој ќе го направи тоа на…