Дома Трансфер зона Тотенхем спремил голема понуда за Лаутаро, но нема да биде доволна

Тотенхем спремил голема понуда за Лаутаро, но нема да биде доволна

„Спорт Италија“ тврди дека италијанскиот тренер Антонио Конте сака повторно да соработува со Лаутаро Мартинез и дека Тотенхем е подготвен да испрати понуда од 90 милиони евра до Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, како што стојат работите тоа нема да биде доволно затоа што Интер нема намера да се раздели со Лаутаро ова лето.

Лаутаро има откупна клаузула од 105 милиони евра во договорот со Интер, а претходно се поврзуваше со Барселона и Арсенал.

Сепак, Мартинез и неговиот агент претходно порачаа дека не сакаат да го напуштат Интер, особено не по потпишувањето на новиот договор во октомври 2021 година, кој има важност до јуни 2026 година.

Лаутаро се очекува да остане важен дел од Интер и после најавеното доаѓање на Дибала и Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…