Дома Фудбал Бундеслигата започнува со големо дерби на 5 август

Бундеслигата започнува со големо дерби на 5 август

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундеслигата со гостувањето кај шампионот во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт на 5 август.

Вицешампионот Борусија Дортмунд ќе ја започне сезоната со Баер Леверкузен, кој минатата сезона заврши на третото место, додека Лајпциг во првото коло ќе му гостува на Штутгарт.

Првото големо дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се игра во Дортмунд на 8 или 9 октомври, а вториот натпревар во Минхен ќе биде на 31 март 2023 година.

Оваа година ќе биде малку поинаква поради планираната пауза во ноемвро за Светското првенство во Катар. Бундеслигата ќе продолжи на 20 јануари 2023 година и ќе трае до 27 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…