Дома Фудбал Барселона добива финансиска инјекција од 500 до 700 милиони

Барселона добива финансиска инјекција од 500 до 700 милиони

Членовите на Управниот одбор на Барселона го изгласаа предлогот на раководството да бидат продадени дел од маркетинг правата и дел од ТВ правата.

Претседателот Лапорта преку нивна продажба во клубот ќе внесе помеѓу 500 и 700 милиони евра, а целта е со тоа да се стабилизира финансиската ситуација и клубот да има пари за летни трансфери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците донесоа одлука да ги стават на продажба 49,9% од акциите на фирмата „БЛМ“, тоа е дел од клубот што се занимава за брендирањето и маркетинг, како и 25% од телевизиските права во следните 25 години.

„Барселона е формула од Ф1 без гориво и мотор. Мораме да го направиме ова бидејќи генерираме загуби со години. Наследивме многу тешка ситуација“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…