Дома Трансфер зона „Старата дама“ сака да го задржи Мората, на Атлетико понудена листа од тројца играчи

„Старата дама“ сака да го задржи Мората, на Атлетико понудена листа од тројца играчи

Како што стојат работите Јувентус сака да го задржи Алваро Мората, тоа е желбата на тренерот Алегри, а клубот бара начин да му ја исполни.

Мората беше позајмен во Јувентус, сега се врати во Атлетико за да биде откупен „старата дама“ треба да плати 35 милиони евра, сума која во Торино не се спремни да ја платат за Шпанецот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реномираната „Газета дело Спорт“ во денешното издание објави дека во Јувентус ќе се обидат да го убедат Атлетико со тоа што им дале избор на еден од други тројца фудбалери за Мората да потпише перманентен договор.

Фудбалерите кои Јувентус ги ставил на листата се: Денис Закарија, Адриен Рабио и Моисе Кин. Во овој момент не е познато дали Атлетико е заинтересиран за некој од овие тројца, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…