Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот од двата предвидени контролни средби против соодветната селекција на Црна Гора.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Дашмир Беар одиграа нерешено 1:1.
По едно полувреме им припадна на двете селекции.
Македонија беше подобар противник по првите 45. минути. Неколку добри прилики не успеавме да реализираме. Во 45. минути сосема заслужено водство на нашите млади фудбалери. Хисар Али погоди за предност од 1:0.
Во продолжението од средбата противникот успеа да го израмни резултатот. Максим Џукиќ погоди во 75. минута и ги постави конечните 1:1
Македонија: Онур Бешир, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Камечно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу