Дома Македонски спорт Познати детали од понудата на Трабзонспор за Алиоски

Познати детали од понудата на Трабзонспор за Алиоски

Езгјан Алиоски се повеќе се поврзува со трансфер во турскиот шампион Трабзонспор, според информациите овој клуб силно притиска за доведување на Џани во овој преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните информации од турските медиуми се дека Трабзонспор на Алиоски му нуди договор според кој би заработувал два милиони евра по сезона, засега не се открива должината на договорот.

Абдула Авчи, тренерот на турскиот клуб смета дека Алиоски би бил големо засилување и од огромна важност на левата бековска позиција.

Со Трабзонспор Алиоски би добил и можност за настап во Лигата на шампионите, што секако е примамливо. После завршените обврски кон македонската репрезентација Алиоски сега ќе може да се фокусира на преговорите со турскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …