Ливерпул и Бенфика го договорија сите детали од трансферот на Дарвин Нуњес, кој најверојатно ќе биде потврден утре.
Новинарот Фабрицио Романо открива дека двата клуба утрово постигнале конечен договор за трансферот и утре треба да бидат потпишани документите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул за трансферот на Нуњес ќе плати 80 милиони евра во кеш, плус 20 милиони евра преку бонуси, со што Уругваецот ќе стане најскап трансфер во историјата на клубот.
Нуњес веќе има договор со „црвените“ и ќе потпише 5-годишен договор тежок 8 милиони евра по сезона.
Liverpool are now closing on Darwin Núñez deal, here we go! Meeting in the morning with verbal agreement in place between Liverpool & Benfica, just waiting to sign. €80m plus €20m add ons fee. 🚨🔴🇺🇾 #LFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 11, 2022
Liverpool are preparing paperworks. Five year contract, already agreed. pic.twitter.com/znzD7DyU8P