Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Имаме обврска да го даваме максимумот!

Милевски: Имаме обврска да го даваме максимумот!

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски на пресконференцијата пред мечот со Гибралтар истакна дека репрезентативците мора да бидат на нивото кое се очекува од нив.

„Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза“, истакна Милевски.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел“, додаде селекторот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…