Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов се уште не сака да се пензионира, па така пронајде нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот бугарски напаѓач неодамна го прослави својот 36. роденден, но се уште нема намера да се пензионира. Бербатов последниот ангажман го имаше во ПАОК, кој го напушти во текот на летото 2016. година и од тогаш е без клуб.
Иако многумина веруаа дека неговата кариера ќе биде завршена, и дека Бербатов само го одовлекува неговото пензионирање, Бугаринот успеа да пронајде нов ангажман. Имено, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ќе ја продолжи кариерата во Индија во дресот на Керала Бластерс.
Бербатов одлучи последниот ангажман во неговата кариера да биде во индиската Суперлига во која играа многу мајстори пред да си заминат во пензија. Најзаслужен за неговото доаѓање во Индија е уште еден легандарен напаѓач, Роби Кин кој во моемтнов игра за ривалскиот тим Атлетико де Калката.