Поранешниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон за својата приврзаност кон Бразил од парламентот на државата доби почесно бразилско државјанство.
Британецот неодамна доби аристократска титула, по што призна дека останал без зборови кога дознал за одлуката донесена во Собранието на Бразил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Добив бразилско почесно државјанство. Немам зборови во моментов, освен да кажам дека ова е голема чест. Ти благодарам Бразил“, напиша Хамилтон на социјалните мрежи.
Хамилтон викендов ќе вози на трката за Големата награда на Азербејџан, а сезонава не му оди како во претходните години кога доминираше во „најбрзиот циркус“.