Рускиот фудбалски клуб Спартак Москва на својот Твитер профил објави шокантна „понуда“ што ја добил од Баерн Минхен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баварците им „понудиле“ отштета од 1.000 евра на Русите за нивниот играч Александар Соболев, но и многу интересни бонуси.
„Ви нудиме 1.000 евра плус бонуси: 10 милиони евра ако Баерн ја освои Евровизија, 15 милиони евра ако Манчестер Јунајтед освои трофеј и 20 милиони евра ако Лионел Меси се пресели во Реал Мадрид“, стои во „понудата“.
Спартак на овој начин сакаа да направат пародија и да го исмеваат Баерн поради последната понуда на германскиот гигант до Ливерпул за Сади Мане.
????????????? pic.twitter.com/1vVpJhelhS
— FC Spartak Moscow (@fcsm_eng) June 9, 2022