Дома Македонски спорт Димитриевски: Пресреќен сум кога играме дома посакувам максимална поддршка

Димитриевски: Пресреќен сум кога играме дома посакувам максимална поддршка

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствувше и првиот голман на македонската репрезентација Столе Димитриевски.

Македонскиот голман истакна дека верува во дефанзивниот квалитет на Македонија и не го плашат петте гола на Бугарија во претходниот натпревар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Се спремам и за овој како и за другите натпревари, секогаш сакам да имам „чиста мрежа“. Грузија е одлична репрезентација. Многу напредуваше од тој наш последен натпревар, постигнуваат многу голови. Но, тоа не ме плаши затоа што знам каков квалитет во дефанзива поседуваме ние и верувам дека утре со „чиста мрежа“ ние ќе бидеме тие кои ќе славиме“

Димитриевски посака и стадионот да биде што е можно повеќе исполнет.

„Пресреќен сум кога играме дома, различно е чувството кога играте во гости. Затоа би сакал да имаме максимална поддршка и заедно со нашиот квалитет на крајот да славиме победа“, изјави Димитриевски.

Натпреварот Македонија и Грузија го играат утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…