Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милески го објави списокот на играчи за квалификациониот натпревар за ЕП 2019. до 21 година против репрезентацијата на Ерменија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Списокот содржи 21 играч, а пет од нив се играчи кои настапија на Европското првенство во Полска кое се одржа во јуни.
Натпреварот против Ерменија се игра на 5. септември во Ерван, а во нашата група за ЕП 2019. кое ќе се одржи во Италија се селекциите на Австрија, Ерменија, Гиблартар, Русија и Србија.
