Најдобриот фудбалер на светот и првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо потврдена е казната од пет меча суспензија, бидејќи Судот за спортската арбитража во Лозано ја отфрли неговата жалба.
По Фудбалскиот сојуз во Шпанија и ЦАС ја отфрли жалбата, па Португалецот ќе мора подолго да паузира поради црвениот картон и буткањето на судијата, Рикардо де Бургос во мечот против Барселона во Суперкупот на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо го изрази своето незадоволство на својот Твитер профил бидејќи смета дека таквата одлука е неразумна и неправедна.
„Неправда никогаш нема да ме сруши, ќе се вратам посилен. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша 32-годишниот Португалец.
Роналдо веќе одработи два натпревари суспензија, реваншот против Барселона и на стартот во Примера против Депортиво.