Дома Фудбал Останато Мбапе најскап фудбалер во светот, пред Винисиус и Халанд

Мбапе најскап фудбалер во светот, пред Винисиус и Халанд

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се најде на врвот на рангирањето на најскапите играчи во светот според „CIES“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓународниот центар за фудбалски истражувања, состави листа на најскапите фудбалери во светот.

Во анализата се земени во предвид должината на договорите на фудбалерите, нивната трансфер-вредност, како и возраста.

Мбапе, според проценките, вреди 205.6 милиони евра, со што е убедливо на првото место пред ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 185.3 милиони евра, a новото засилување на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е проценет на 152.6 милиони евра.

Во Топ 10 најскапи фудбалери:

1. Килијан Мбапе, ПСЖ – 205,6 милиони евра

2. Винисиус Жуниор, Реал Мадрид – 185,3

3. Ерлинг Халанд, Манчестер Сити – 152,6

4. Педри, Барселона – 135,1

5. Џуд Белингем, Борусија Дортмунд – 133,7

6. Фил Фоден, Манчестер сити – 124

7. Френки де Јонг, Барселона – 112,5

8. Луис Дијаз, Ливерпул – 110

9. Рубен Диас, Манчестер Сити – 109,6

10. Феран Торес, Барселона – 109,5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aнчелоти го израдува Нејмар, ќе игра на Мундијалот! (Видео)

Во понеделникот, во пресрет на Светското првенство, бразилската репрезентација го потврди …