Дома Фудбал Репрезентации Aнглискиот селектор разочаран од децата во Унгарија

Aнглискиот селектор разочаран од децата во Унгарија

Унгарија вчера со голот на Доминик Собослаи ја победи Англија со 1:0 во рамките од Лигата на Нации.

На „Пушкаш арената“ во Будимпешта за овој натпревар присуствуваа само деца до 14 години со нивните родители. Причината за оваа ситуација е казната која ја има Федерацијата на Унгарија поради расистичките скандирања на навивачите. УЕФА за овој меч дозволи на трибините да има само деца.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак и тие покажаа големо непочитување во борбата против расизмот. Кога англиските фудбалери клекнаа пред почетокот на мечот како поддршка на жртвите од трибините се слушаа свирежи.

Разочаран од ваквата постапка беше и селекторот на Англија, Герет Саудгејт.

„Зошто го правиме ова, за да ги образуваме луѓето во светот. Не можам да разберам зошто младите го исвиркуваат овој гест. Очигледно е влијанието на постарите, сигурен сум дкеа и тие самите не знаат зошто го прават тоа“, изјави Саудгејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…