Дома Фудбал Останато Мбапе негира дека составил „црна листа“ во ПСЖ

Мбапе негира дека составил „црна листа“ во ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја оквалификува како „лажна вест“ информацијата дека составил листа од 14 имиња кои треба да заминат од клубот.

Според изданието на „Мундо Депортиво“, на „црната листа“ на Мбапе се тренерот Маурисио Покетино, бразилската ѕвезда Нејмар, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Келер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило Переира, Хуанезе Переира, Пабло Сарабија, Колин Дареа, Серхио Рико и Ливеин Курзава.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


По потпишувањето на новиот договор со „светците“ медиумите објавија дека дека тој ќе има поголемо влијание во клубот и ќе може да ја одредува неговата политика.

Самиот Мбапе негираше каква било желба да влијае на кадровските одлуки на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА направи циркус со Белингам: Го суспендираше, но ќе игра со Швајцарија!

Европската куќа на фудбалот донесе одлука за гестот на Белингам со која ќе налути многумин…