Дома Фудбал Англија Стигна потврдата: Имаат ли навивачите на Ливерпул причина за грижа?

Стигна потврдата: Имаат ли навивачите на Ливерпул причина за грижа?

Навивачите на Ливерпул веројатно добија потврда која не сакаа да ја слушнат.

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Фелипе Кутињо ќе го пропушти и реванш натпреварот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Хофенхајм.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бразилецот поради повреда на грбот ги пропушти сите натпревари од почетокот на сезоната и се шпекулираше дека причина за тоа е неговиот трансфер во Барселона, но во овој момент такво нешто е далеку од реално.

Отсуството на Кутињо беше очекувано и во овој натпревар иако како повод сеуште се наведува неговата желба да премине на „Ноу Камп“.

Сепак, секогаш добро известениот „Liverpool.Eho“ тврди дека навивачите немаат причина за грижа и дека и покрај отсуството Кутињо ќе се врати во тимот после репрезентативната пауза.

Покрај Кутињо, надвор од тимот сеуште се Адам Лалана и Натаниел Клајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го претстави новиот дрес – изгледа модерно! (Видео)

Барселона го откри својот нов домашен дрес за сезоната 2025-26, со што каталонскиот клуб с…