Дома Топ вести Бејл емотивно се збогуваше со Реал: Ми беше чест!

Бејл емотивно се збогуваше со Реал: Ми беше чест!

Герет Бејл денеска и официјално се прости од Реал Мадрид. Велшанецот испрати отворено писмо до навивачите на Реал, од кои по девет години се збогува.

Во писмото Бејл им се обрати на сите негови поранешни и сегашни соиграчи, тренери, стручен штаб и навивачи кои секогаш го поддржувале.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дојдов овде пред девет години како млад човек кој сакаше да го оствари својот сон и да игра за Реал Мадрид. Да носам бел дрес, грб на градите, да игра на „Сантијаго Бернабеу“, да освојува титули и што беше најважно – да се освои Лигата на шампионите. Кога ќе погледнам наназад, искрено можам да кажам дека овој сон стана реалност и многу, многу повеќе од тоа.

Да се ​​биде дел од историјата на овој клуб и да се постигне сето она што успеавме да го направиме е нешто што ќе го паметам до крајот на мојот живот. Сакам да се заблагодарам на Флорентино Перез и целото раководство што ми дадоа шанса да заиграм за овој клуб. Заедно успеавме да постигнеме моменти кои ќе се паметат. Ми беше чест, ви благодарам! Хала, Мадрид!“, стои во обраќањето на Бејл.

Бејл по истекот на договорот станува слободен играч и засега не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Со Реал Бејл освои се што можеше да се освои вклучувајќи и пет титули во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…