Дома Трансфер зона Mурињо добива засилување од Реал Мадрид?

Mурињо добива засилување од Реал Мадрид?

Жозе Мурињо ја освои Конференциската лига, следнaта сезона ќе се натпреварува во Лигата Европа, со обврска да обезбеди ЛШ, а за такво нешто потребни му се засилувања.

Според дел од медиумите, играчот од средниот ред на Реал, Иско би можел да го засили тимот на Мурињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иско како слободен играч си заминува од Реал, а сега се најавува дека Рома може да биде негова следна дестинација.

Не е тајна дека Мурињо го сака Дибала, но и Интер го брка, па не е сигурно кога Рома ќе успее да го доведе. Треба да се додаде дека Хенрик Мхтарјан е блиску до заминување од Рома, како слободен играч, бидејќи се уште не се договорил со Рома.

Иско падна во втор план во Реал, па помина долго време, практично две сезони, не е ниту бледа сенка на тој незаменлив играч кој освои три врзани ЛШ како стартер со Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…