Роберт Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен, но самиот јасно порача дека не сака да остане во Минхен и наредната сезона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Полскиот напаѓач сака нов предизвик во кариерата и ја сместа приказната во Баерн за завршена. Многумина го критикуваат Левандовски поради неговиот потег, а во негова одбрана сега застана легендата на Баерн, Лотар Матеус.




Матеус истакна дека го разбира Левандовски затоа што смета дека во Баерн се случува нешто. Претходно на сличен начин си заминаа Давид Алаба и Никлас Зуле, а има проблеми и во продолжувањето на соработката со Гнабри.




„Го разбирам Левандовски. Кога сте професионалец забележувате дека нешто не е во ред, дека нешто се распаѓа и не сте навикнати на работите кои се случуваат. Можете да видите дека се повеќе играчи од клубот си заминуваат, тоа не е добро и во Баерн не се случуваше во минатото“, изјави Матеус за „Билд“.