Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја критикуваше одлуката на клубот во претсезонската сезона да играат пријателски натпревари по Азија.
Баерн во текот на подготвителниот период забележа слаби резултати. Доживеа пораз од Наполи, Ливерпул, Интер и Милан. Полјакот смета дека екипата не е соодветно подготвена за сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не имавме време за тренинг на подготвките, имавме многу пријателски натпревари, не помогнавме. Сега имаме две недели во кои можеме да го надоместиме она што не го направивме за време на подготвителниот период“, изјави Левандовски.
Инаку, Баерн денеска официјално ја отвори новата академија за млади возрасти во кои вложи 70 милиони евра.
„Ова е наш одговор на лудоста на пазарот. Горди сме и среќни што дадовме вистински одговор за тоа како размислуваме“, изјави Ули Хенес.
Баерн во првото коло од Бундеслигата го совлада Баер со 3:1, додека претходно го освои германскиот Суперкуп со победата над Дортмунд по пеналите.