Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот.
Голманот Дамјан Шишковски знае дека јавноста очекува одлични резултати и во овој циклус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Македонската јавност очекува многу затоа што ние докажавме дека можеме многу како што беше и против Италија и против Португалија, но и наназад повеќе натпревари. Ние сме максимално спремни за тие четири натпревари. Подмладени сме со млади фудбалери, но тоа се фудбалери кои се првотимци во своите тимови“.
Сите се спремни, а на селекторот е да одлучи кој ќе игра.
„Селекторот најави дека сите ќе настапат, тоа е нормално затоа што не чекаат четири натпревари во десет дена, наше е максимално да тренираме. На секој собир сме максимално спремни да одговориме, а на селекторот е да одлучи дали ќе направи промени“.
Добро знаат што бара селекторот од нив.
„Се познаваме со селекторот 5-6 години од младите селекции и добро знаеме што сака од нас. Исто така и младите кои сега се приклучија, поминаа низ таа селекција. Со резултатите направивме сите да веруваат, се што можам да ветам е дека ќе одиме на победа во секој натпревар и ќе дадеме се од себе за победа“.