Дома Фудбал Репрезентации Mуслиу: Желбата да се игра за репрезентацијата е поголема од желбата за одмор!

Mуслиу: Желбата да се игра за репрезентацијата е поголема од желбата за одмор!

Македонската фудбалска репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за јунските натпревари од новото издание на Лигата на Нации.

Првиот предизвик за момците на Милевски е Бугарија на 2. јуни, а еден од нашите најважни играчи во репрезентацијата, Висар Муслиу посакува победа на овој дуел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„После тоа што го направивме во март сите ние очекуваме да имаме што е можно подобри резултати. Тоа значи да бидеме први и да го започнеме овој циклус со победа. Селекторот има доверба во нас, а ние ќе се обидеме таа доверба да ја оправдаме на терен. Ние сме докажеле дека знаеме да победиме вакви противници, сме играле и во минатото против Бугарија, но секој нов натпревар е нова историја и не гледаме назад“.

Термините за овие натпревари во Лигата на Нации се неевобичаени за фудбалерите, но желбата да се игра за репрезентацијата е поголема.

„Желбата да играш за репрезентацијата е поголема од таа за одмор, па затоа сум сигурен дека сите во репрезентацијата се сконцентрирани само на тренинзите за подобри резултати“.

Покрај натпреварот со Бугарија, Македонија ќе игра уште (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…