Георги Миланов еден од наискусните бгуарски репрезентативеци кој беше соиграч на Висар Муслиу и Бобан Николов во МОЛ Фехевар зборуваше пред натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија на 2. јуни.
За Миланов не е највежн натпреварот со Македонија, туку комплетната Лига на Нации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Првиот меч со Македонија не е најважен. Најважно е ние да го покажеме нашето вистинско лице, а нѐ чека доста тежок распоред, зашто првпат ќе играме четири меча во краток период и затоа се повикани повеќе фудбалери.
Се надевам дека ќе го издржиме овој напорен период зашто имавме напорна сезона, а треба да покажеме дека сме добар тим. И треба да сме свесни дека Македонија не е истата од пред две-три години, моментно пишуваат историја, ја победија Италија, ја победија Германија, играа на Европското првенство. И Македонците заслужуваат респект, но ништо повеќе од тоа. Ние треба да излеземе и да ги победиме“, изјави Миланов.
Покрај Бугарија Македонија во овој циклус ќе се сретне уште со Грузија и Гибралтар.