Дома Фудбал Италија Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев не размислува за пензија и најверојатно ќе игра уште една сезона.

Ова за италијанските медиуми го потврди неговиот агент, кој истакна дека Пандев сака со Парма да се врати во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мое лично мислење е дека Пандев може многу да направи за тимот. Тој сака да продолжи да игра, многу е мотивиран, би било убаво да биде во целиот проект. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А“ рече менаџерот Леонардо Корси.

Пандев има 38 години и исклучителна кариера, па се веруваше дека ќе се пензионира ова лето, но очигледно дека му се допаѓа проектот во Парма и верува дека може да одигра уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ако сега не се ишиша нема кога – Јунајтед го чека идеален распоред!

Манчестер јунајтед за викендот минимално го совлада Њукасл (1-0), триумф кој на хартија ва…