Дома Фудбал Останато Реал е највредниот клуб на светот, пред Манчестер Јунајтед и Барселона

Реал е највредниот клуб на светот, пред Манчестер Јунајтед и Барселона

Реал Мадрид и понатаму останува највредниот фудбалски клуб вос светот, според извештаите од комапнијата Football Benchmark.

Аналитичарите ја пресметале вредноста на 32-та најбогати клубови на Стариот континет, а во предвид се земени нивните годишни приходи, вредноста на фудбалерите и популарноста на социјалните мрежи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал Мадрид четврта година по ред е на првото место со вредност од 3,18 милијарди евра. Манчестер Јунајтед е проценет на 2,88 милијарди, додека на третото место се наоѓа Барселона со вредност од 2,81 милијарди евра.

Потоа следуваат Баерн Минхен (2,7) и Ливерпул (2.5), додека англискиот шампион Манчестер Сити е на 6-то место со вредност од 2,4 милијарди евра.

Пари Сент Жермен е клубот со највисок раст на вредноста за една година и во моментов е на 8-то место со вредност од 2,1 милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тен Хаг поради пет милиони евра одби клуб каде што стана легенда

Само две недели по неочекуваното отказ во Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг наводно одбил да ј…