Дома Фудбал Останато Мурињо пред финалето: Конференциската лига е сериозно натпреварување

Мурињо пред финалето: Конференциската лига е сериозно натпреварување

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека големите клубови мора сериозно да го сфатат новото европско натпреварување – Лигата на конференции.

Рома се пласира во финалето каде ќе игра против Феенорд, а Мурињо после долги години сака да и донесе европски трофеј на „волчицата“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Кога започна натпреварувањето имаше критики. Луѓето го гледаа плеј-офот без германски, англиски или шпански клубови… Но, ние го гледавме полуфиналето со 70.000 гледачи во Рим, полни стадиони во Марсеј или Лестер, ова натпреварување стана важно затоа што клубовите како нас го сфаќаат сериозно. Големите клубови мора сериозно да ја сфатат Конференциската лига“, изјави Мурињо.

„Секако дека би сакал да го освојам трофејот за себе, но особено за навивачите кои долго време не доживеале такво нешто и поради играчите да го направат првиот чекор во кариерата. Помалку сум егоцентричен, јас сум повеќе клупски човек“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…