Дома Фудбал Останато Ал Келаифи: Во Шпанија се плашат дека Лига 1 ќе стане посилна од Примера

Ал Келаифи: Во Шпанија се плашат дека Лига 1 ќе стане посилна од Примера

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи му одговори на претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, кој претходно изјави дека продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе е „навреда за фудбалот“.

ПСЖ денес на пресконференција го официјализираше новиот договор на Килијан Мбапе, кој иако беше блиску до трансфер во Реал, сепак реши да остане во Париз.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хавиер Тебас изјави францускиот клуб го прекршува финансискиот фер-плеј и дека Ал Келаифи е штетен за фудбалот.

„Имам голема почит за Ла Лига, но и ние заслужуваме почит. Ние го имаме најдобриот фудбалер во светот и тоа е најважно. Работите кои ги кажа Тебас не се мој проблем. Тебас е исплашен дека Лига 1 ќе ја надмине Ла Лига. Ла Лига веќе не е тоа што беше“, изјави претседателот на ПСЖ.

Ал Келаифи исто така тврди дека финансиите не биле најважни за Мбапе да одлучи да остане во ПСЖ.

„Парите не се најважни за Килијан Мбапе. Има уште еден клуб во Шпанија кој може да му плаќа многу повеќе од нас. Спортскиот проект беше најважен за продолжувањето на договорот“, додаде Катарецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…