Дома Фудбал Останато Мбапе: Донесов тешка одлука, се надевам дека во Реал ќе ме рзберат

Мбапе: Донесов тешка одлука, се надевам дека во Реал ќе ме рзберат

Килијан Мбапе иако беше блиску до трансфер во Реал Мадрид, сепак реши да остане во ПСЖ и го продолжи договорот со „светците“ до 2025 година.

Мбапе денес на пресконференција заедно со своето семејство го официјализираше новиот договор и откри зошто решил да остане во ПСЖ.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Беше многу тешка одлука. Сакав да имам доволно време за да го направам вистинскиот избор. „Одлуката ја донесов минатата недела и не им кажав на соиграчите. Потоа му се јавив на Флорентино Перез. Имам голема почит кон Реал Мадрид, тие направија се, ми ги дадоа сите услови и благодарен сум им. Имав обврска да им се јавам и лично да им кажам“.

„Сите знаат дека сакав да си одам минатото лето, тоа беше најдобра можна одлука во тоа време. Но помина една година и тоа се промени. Знам што можам да ѝ донесам на мојата земја, земјата во која сонував да играм. Има емотивен момент кон мојата земја. Проектот се промени и мислам дека мојата приказна не заврши тука“, изјави Мбапе.

„Сега потпишав нов договор. Тоа е лична одлука. Не гледам во иднината, не знам каде ќе бидам за три години. Важно ми е сега што сум овде. Разбирам дека во Реал се разочарани, се надевам дека ќе ја разберат мојата одлука“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…