Дома Фудбал Германија Халанд со стил замина од Дортмунд: Подарок скап часовник на сите во клубот

Халанд со стил замина од Дортмунд: Подарок скап часовник на сите во клубот

Ерлинг Халанд во голем стил се прости од Борусија Дортмунд, каде минатиот викенд го одигра последниот натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Халанд од следната сезона ќе биде играч на Манчестер Сити, а пред да замине од Дортмунд, реши да ги „почести“ соиграчите и клупскиот персонал со скап часовник.

Спортскиот дел од тимот доби по еден специјално изгравиран „Ролекс“ кој  чини околу 15.000 евра, додека помошниот персонал доби „Омега“ часовници за 7.000 евра.

Часовниците што Халанд им ги подарил на соиграчите доаѓаат од Холандија во мали кутии и секоја содржи по три фотографии од напаѓачот, а вкупно го чинеле околу 500.000 евра.

„Ми беше чест да го носам овој дрес. Во Борусија Дортмунд имав незаборавни моменти, запознав посебни луѓе, а да не зборуваме за навивачите кои отсекогаш биле дванаесеттиот играч на теренот. „Жолтиот ѕид“ е навистина неверојатен. Ви благодарам на сите“, е пораката која ја напишал Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

(Видео) Арсенал доби помош од судиите? „Ова мораше да биде црвен картон“

Фудбалерите на Арсенал се на чекор од освојување на првата титула шампион на Англија после…