Дома Фудбал Дали Гвардиола е подготвен за одмазда против Куман?! (Фото)

Дали Гвардиола е подготвен за одмазда против Куман?! (Фото)

Фудбалерите на Манчестер Сити за половина час ќе ја дочекаат екипата на Евертон, во рамки на второто коло од ПЛ, на средбата на која ќе се сретнат Гвардиола и Куман.

Пеп сигурно уште во мисли го има минатогодишниот час по фудбал, кога Куман на „Гудисон“ го надигра со резултат 4:0.

Шпанецот ќе го изнесе идентичниот состав од минатото коло, односно ќе настапи со тројца стопери и Данило и Вокер како „винг“ бекови, редот за врска ќе го држат Фернандињо, Де Брујне и Силва, а во нападот ќе бидат Агуеро и Жезус.

Од друга страна, Куман ќе настапи со нешто подефанзивна формација, со оглед на тоа дека го нема Сандро Рамирез, нападот ќе го предводи Вејн Руни со помош на Дејвис и Калверт-Левина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…