Дома Фудбал Ал Фехја и Трајковски го освоија Купот на Саудиска Арабија

Ал Фехја и Трајковски го освоија Купот на Саудиска Арабија

Репрезентативецот на Македонија Александар Трајковски после репрезентативниот успех во изминатиот период и победата над европскиот шампион Италија со својот тим го освои Купот на Саудиска Арабија.

На пенали во финалето Ал Фехја славеше против Ал Хилал во Џеда. Трајковски беше стартер на натпреварот и играше до 105. минута.

До победата Ал Фехја стигна на пенали со 3:1. До водство прв стигна Ал Хилал во четвртата минута од судиското продолжение, а тимот на Трајковски изедначи во 66. минута. До регуларните 90 и продолженијата не видовме голови, па натпреварот се решаваше во пенал серијата.

За Ал Фехја ова е прв трофеј во клупската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…