Репрезентацијата на Македонија и приреди вистински шок на Италија која поради нашиот триумф во Торино остана без втор настап на еден Мундијал во низа.
По елиминацијата на Италија се појавија најави дека Италија сепак можеби ќе добие прилика за настап во Катар. После скандалот во Еквадор се појави можност оваа репрезентација да остане без настап на Светското првенство во Катар. Се пишуваше дека Италија може да добие повик на нивно место, меѓутоа тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина потврди дека шансите Италија да настапи на Мундијалот се „нула“. Дури и Еквадор да биде исфрлен, Италија не може да добие повик.
„Нема никакви шанси за настап на Италија на Светското првенство, тие се еднакви на „нула“. Пополнети се сите 13 места од Европа. И да се случи Еквадор да биде исфрлен нивното место ќе го добие некоја репрезентација од Јужна Америка“, изјави Гравина.
Како што во овој случај стојат работите најверојатно замена за Еквадор може да биде Чиле.