Дома Топ вести Барса ја „краде“ поранешната ѕвезда на Реал – На „Камп Ноу“ пристигнува фудбалерот на ПСЖ

Барса ја „краде“ поранешната ѕвезда на Реал – На „Камп Ноу“ пристигнува фудбалерот на ПСЖ

Барселона синоќа славеше против Бетис, но едно е сигурно: Нејмар ќе недостига во тимот од „Камп Ноу“.

Речиси сигурно беше дека ново име на Барселона ќе стане Филипе Кутињо од Ливерпул, но клубот од „Енфилд“ ја одби и последната понуда на Барселона од дури 125 милиони евра и јасни беа во ставот дека Бразилецот нема да го напушти Ливерпул оваа сезона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, Кутињо и понатаму не се откажува од Барселона и силно сака да заигра за тимот од Каталонија. Но, како што денеска јавуваат шпанските медиуми, каталонскиот клуб сега има нова цел, а тоа е Анхел Ди Марија од ПСЖ.

„Mundo Deportivo“ пренесува дека управата на Барселона би можела да се сврти кон Аргентинецот и така да го надомести просторот кој остана празен по заминувањето на Нејмар.

Тешко е да се верува дека ПСЖ ќе го пушти Ди Марија, а и своевремено Аргентинецот беше член на најголемиот ривал на Барселона, но сведоци сме дека работите се менуваат преку ноќ, кога станува збор за понуди кои тешко можат да се одбијат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…