Дома Македонски спорт Леванте поради испаѓањето од Ла Лига ќе мора да го продаде Барди

Леванте поради испаѓањето од Ла Лига ќе мора да го продаде Барди

Тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте одигра разочарувачка сезона во Ла Лига, па наредната сезона ќе се натпреварува во Сегунда и ќе се надева на експресно враќање во елитата.

Поради испаѓањето од најсилната конкуренција клубот ќе мора да продаде и некои од своите првотимци за да не се соочат со финансиски проблеми. Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на Леванте ќе се обиде да инкасира барем 10.5 милиони евра до 30. јуни токму со продажбата на македонскиот фудбалер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Договорот на Барди со Леванте има важност до 2024 година, меѓутоа со испаѓањето изгледа е неопходна негова продажба. Барди се поврзуваше со заминување од Леванте во јануари, но тогаш сепак остана во клубот. Ситуацијата сега како што се наведува е поинаква. Заминвуање од Леванте веќе објави десниот бек Коке Андухар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…