Дома Топ вести Симеоне потврди: Суарез си заминува од Атлетико Мадрид

Симеоне потврди: Суарез си заминува од Атлетико Мадрид

Луис Суарез ќе си замине од Атлетико Мадрид на крајот на актуелната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Она што се најавуваше подолго време во медиумите го потврди стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Договорот на голгетерот му истекува на крајот на месец јуни и нема да му биде продолжен.

„Разговарав со Луис во ноември. Имавме еден долг, тежок и искрен разговор. Двајцата ги разгледавме сите опции и ја анализиравме ситуацијата. Од тој момент до денес ниту еден од нас не го прекрши тоа што го ветивме. Затоа сум благодарен на Суарез“, изјави Симеоне.

Од своето пристигнување во Атлетико Мадрид Суарез даде голем придонес за освоената титула во Ла Лига, а сезонава Уругваецот повторн ое водечки стрелец на мадриѓаните со 11 голови, но и често останува на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…