Рома не успеа да забележи победа и на петтиот натпревар во низа во Серија А, „волчицата“ не успеа да ја искористи доминацијата против Венезија и натпреварот заврши со реми.
Овој натпревар беше последен за Рома на домашен терен, а Мурињо после истиот им се заблагодари на навивачите за поддршката во изминатиот период. Рома до крајот на сезоната е во игра за освојувањето на трофејот во Конференциска лига каде што ќе игра против Феенорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Рома е едно големо семејство, останавме после натпреварот за да им се заблагодариме на навивачите. Имаме шанса да стигнеме до освоениот пехар, мислам дека заслужуваме такво нешто“, изјави Мурињо, а потоа даде изјава за која многумина сметаат дека само самиот се теши.
„Ако се случи да ја освоиме Конференциската лига од аспект на страст и желба, тој пехар ќе биде поважен и повеќе ќе им значи на навивачите отколку шампионската титула на „росонерите“ или „нероаѕурите“. Не знам дали секогаш било вака, но Рома има фантастични навивачи“, истакна португалскиот стратег.