Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ потврди: Левандовски сака да си замине ова лето

Салихамиџиќ потврди: Левандовски сака да си замине ова лето

Иако од Баерн упорно тврдат дека Левандовски ќе остане во наредната сезона, сепак полскиот напаѓач има друга желба, а тоа го потврди и Хасан Салихамиџиќ.

Во изјава за „Скај Спорт“ Салихамиџиќ истакна дека Левандовски ја одбил понудата за нов договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Зборував со Роберт, ме информираше дека не сака да ја прифати понудата за нов фоговор, неговата желба е клубот да го напушти ова лето“, изјави Салихамиџиќ.

Претходно претседателот на Баерн порача дека Левандовски има договор до 2023 година и ќе остане, но со оваа изјава на Салихамиџиќ веројатно и во Баерн полека ќе мораат да ја прифатат ситуација доколку напаѓачот инсистира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Крос не може да молчи, па нападна младата ѕвезда: Одиш таму само за да им земаш пари две години

Тони Кроос одамна е во пензија, но легендарниот Германец, се разбира, е постојано со фудба…