Дома Фудбал Останато Нова доза шпекулации, Мбапе го облече новиот дрес на ПСЖ

Нова доза шпекулации, Мбапе го облече новиот дрес на ПСЖ

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе продолжува со полна сила, а европските медиуми го користат секој негов чекор за да градат теории околу неговата иднина.

На денешните страници на еминентниот „Паризиен“ информираше дека вчера ПСЖ на својот стадион организирал редица на различни спонзорски ивенти и фотосесии.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што биле направени фотографии и со новиот дрес за следната сезона, а дел од фотосесијата бил и Килијан Мбапе, кој се сликал со новиот дрес.

Како што е познато неговиот договор истекува следниот месец и се погласни се шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

ПСЖ се обидува на сите начини да го убеди да остане, па „Паризиен“ ова го толкува дека се уште има шанси Мбапе да потпише нов договор со „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…